Олеснувањето на процесите и подобрувањето на услугите, преку користењето на придобивките од дигитализацијата е заложба на Народната банка и таа како регулатор, но и преку личен пример, настојува да се зголеми искористувањето на технолошките придобивки, велат од НБ.
 
Од денеска, граѓаните на Северна Македонија, Србија и Албанија можат да ја користат мерката Слободен пристап до пазарот на трудот во рамки на „Отворен Балкан”.
 

Нови цени на бензинот и дизелот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,04 % во однос на одлуката од 26.2.2024 година.
 
Во февруари годишната стапка на инфлација во Турција се забрза од јануарските 64,86 отсто на 67,07 отсто, објави денеска турскиот институт за статистика Туркстат.
 
Од денеска нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите. Како што порача претходно вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, секое нелогично зголемување на производите, кое ќе биде надвор од пазарната логика, ќе биде санкционирано.
 
Од задутре нема повеќе гарантирани цени на производите во маркетите.
 
Стожерот на македонската енергетика е РЕК Битола, ќе водиме грижа за него, нема да го оставиме во тие лоши услови како што ќе го начекаме и ќе се потрудиме во најкраток можен рок да ги санираме првично најважните проблеми кои ќе ни ги остават. Ќе зборувам и за други работи кои се во програмата за инвестиции елаборирани во програмата за инвестиции во енергетиката на ВМРО-ДПМНЕ, изјави Елена Маркова Велинова, претседател на Комисија за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната дебата „Енергетска платформа за иднина“ на тема „Концепт за инвестиции во енергетиката“ во Битола.
 
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад донесе одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49 отсто во однос на одлуката од 19.2.2024 година.
 

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе oдлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,48 % во однос на одлуката од 15.2.2024 година.
 
Дваесет инвестициски проекти се доставени на Јавниот повик за техничка помош за развој на добавувачи на ТИРЗ наменет за македонски компании.
 

Нови цени на бензинот од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) донесе Одлука со која се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,49% во однос на одлуката од 22.1.2024 година.
 
Со СДСМ лозарите добиваат уште поголема поддршка, велат од оваа партија.
 

Цените на недвижностите драстично паѓаат во Германија

Цените на комерцијалните недвижности во Германија нагло паднаа во четвртиот квартал од 2023 година, покажаа податоците од банкарската асоцијација ВДП, откривајќи го влијанието на повисоките трошоци за финансирање и изградба. Во периодот од октомври до декември цените биле за 12,1 отсто пониски во однос на истиот период во 2022 година, пресметале од здружението. Ова е најголем пад откако ВДП ги објавува податоците.
 
Пред три дена беше објавено дека акциите на „Мета“ пораснале 20 %, пренесува „Волстрит џурнал“. Нивната цена на акциите се зголеми речиси тројно во текот на изминатата година. Пазарната вредност на „Мета“ сега повторно надмина трилион долари ставајќи ја на исто ниво со гигантите како „Епл“, „Мајкрософт“, „Амазон“, „Нвидија“ и „Гугл“.
 
„СДСМ од оваа година спроведува нови мерки за унапредување на лозарскиот сектор и поголема поддршка за лозарите. 60.000 денари по хектар, вкупна поддршка, за семејни земјоделски стопанства, кои го произвеле и продале винското грозје, врз основа на склучен договор со регистриран производител на вино, со принос од најмногу 10.000 килограми по хектар и исплатена цена по килограм не пониска од 35 денари“, соопшти СДСМ.
 
„Епл“ објави дека генерирал 119,6 милијарди долари во продажба и 33,92 милијарди долари профит во првиот квартал од својата фискална година, надминувајќи ги очекувањата на аналитичарите, но цената на акциите сепак паднала, бидејќи инвеститорите биле разочарани од приходите од продажба на кинескиот пазар на паметни телефони, глобално најконкурентните, каде што се соочува со конкуренција од „Хуавеи“.
 
Грчките власти неодамна уапсија татко и син во близина на Солун и ги обвинија дека продавале сончогледово масло означено како маслиново масло.
 
Министерот за економија, Крешник Бектеши, нема конкретно објаснување зошто корисниците од првиот и вториот блок, за кои ветуваше дека ќе добијат пониски сметки за струја, за декември се пожалија дека добиле безмалку двојно повисоки сметки. Ги повика сите што се сомневаат во сметката да се пожалат во Регулаторната комисија за енергетика.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.