Шуто Оризари

Петровска: Системски да ги решаваме проблемите на граѓаните во Шуто Оризари

Нов асфалт врз стариот, а нема атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без детален урбанистички план, се само дел од проблемите за кои дискутиравме денеска со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари, изјави кандидатката за градоначалничка на Скопје, Ана Петровска. До повеќето куќи, рече таа, нема пристап за противпожарно или амбулантно возило.

Според неа, потребен е системски пристап за решавање на проблемите со кои се соочува ромската заедница, а тоа подразбира паралелно решавање на домувањето, проблемот со личните документи на луѓето т.н. фантоми, но и образование и преквалификација за вработување.

„Достоинствен живот може да се обезбеди преку соработка на Градот и општините и Центарот за социјални работи. Социјалната правда не смее да му служи на популизмот, туку да обезбеди еднаков почеток и резултат за сите, почнувајќи и водејќи сметка за најранливите граѓани. Градот и државата не треба да заборават дека Шуто Оризари е дел од Скопје. Рамномерен развој е дел од агендата на зелените политики за кои се залагаме. Скопје мора да биде хуман град“, рече Петровска.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.