Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје,  по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација, ги известува граѓаните дека на ден 08.11.2021 година (понеделник)
 
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека на 08.11.2021 (понеделник) поради санирање на уличен дефект на цевка од Ф 80 мм на улица Брсјачка Буна, крстосница со ул. Овчеполска, прекинато водоснабдување ќе имаат улиците Брсјачка Буна, Овчеполска и Тиквешка во Општина Шуто Оризари.
 
Нов асфалт врз стариот, а нема атмосферска канализација, градење и легализација на куќи без детален урбанистички план, се само дел од проблемите за кои дискутиравме денеска со граѓаните и граѓанските организации во скопската општина Шуто Оризари, изјави кандидатката за градоначалничка на Скопје, Ана Петровска. До повеќето куќи, рече таа, нема пристап за противпожарно или амбулантно возило.
 
ЈП Водовод и канализација – Скопје апелира до сите корисници на услугите на претпријатието, односно на канализацискиот систем, во него да не одлагаат отпадни материјали кои не се подлежни на разложување (како влажни марамици, најлони...), предмети од домаќинствaта и кабаст отпад, со цел заштита на системот, негова нормална функционалност и превенција од затнување и излевање на отпадната вода.
 
После многу години, 20.000 жени од општина Шуто Оризари добиваат матичен гинеколог. Министерството за здравство набави и опреми специјалистика оринација со што се решава овој голем проблем со кој се соочуваа жените од оваа општина, посочи министерот Венко Филипче, кој присуствуваше на отворањето на гинеколошката ординацијата.
 
Министерството за здравство информира дека е изнјадено трајно решение за проблемот со матичен лекар во општината Шуто Оризари.
 
Иницијатива на жени од Шуто Оризари денеска со поставување на транспарент одбележа годишнина од немањето на матичен гинеколог во оваа скопска општина.
 
По претставки од граѓани, Државниот инспекторат за животна средина, вчера изврши вонреден инспекциски надзор на дивата депонија во Визбегово која нелегално се полни со смет и постојано гори, ослободувајќи гасови кои ги дразнат грлото и очите.
 
Шуто Оризари доби нова енергетски ефикасна градинка во која ќе бидат згрижени околу 200 деца. Градинката е изградена на местото каде пред четири години изгоре поранешната градинка.
 
Денеска се планирани технички зафати во електро-системот поради што денеска без електрична енергија ќе останат делови од општина Шуто Оризари.
 
Прекин во водоснабдување денеска од 18:20 часот до санирање на дефектот имаат корисниците од улиците „Гарибалди“, „Гвадалахара“, „Плачковица“ и „Јури Розентал“ во општина Шуто Оризари.
 
 Во општина Шуто Оризари, денеска се одвива санација и асфалтирање на локални улици како дел од веќе најавените проектни активности за улична реконструкција.
 
Светска банка е заинтересирана да го поддржи локалниот економски развој и развојот на социјалното претприемништво во општина Шуто Оризари.
 
Во општина Шуто Оризари ќе се градат два нови парка со кои се уредуваат и опремуваат две детски игралишта. Првото детско игралиште е во непосредна близина на Управата на општина Шуто Оризари, додека другото игралиште е во непосредна близина на Казнено-поправната установа, информираат од Општината.
 
Од Општина Шуто Оризари апелираат до целата бизнис заедница, медиумите, невладините организации и сите релевантни фактори да се вклучат во донирањето на прочистувачи за воздух за највулнерабилниот дел од заедницата во која што живееме: децата.
 
Вкупно 482 деца Роми не посетуваат настава во двете основни училишта во скопската општина Шуто Оризари, покажуваат резултатите од истражувањето што во периодот мај-јуни годинава го спроведе Асоцијацијата „24 Вакти“ во рамки на проектот „Инклузија преку мобилизација“.
 
 Општина Шуто Оризари денес прославува 22 години од формирањето на општината како посебна единица на локалната самоуправа во рамките на градот Скопје.
 
Дел од корисниците од улиците „1“, „6“ и „7“ во село Батинци утре од 9 до 13 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.