Времето денеска сончево со температура до 34 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб, а долж Повардарието ќе дува умерен северозападен ветер.

Во северните планински предели можна е изолирана појава на краткотраен дожд. УВ индексот ќе изнесува 6.

Утринската температура ќе се движи од седум до 16, а дневната температура од 26 до 34 степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб до умерен северозападен ветер. Температурата ќе се движи од 13 до 32.

Потоа во наредните денови продолжува периодот на стабилно, суво и релативно топло време. Во текот на утрешниот ден во северозападниот планински дел ќе има услови за изолирана појава на краткотраен локален дожд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.