Денеска сончево и суво со северозападен ветер

Сончево време со мала до умерена облачност и со слаб ветер од западен и северозападен правец ќе преовладува денеска во Македонија. 

 

Утринската температура ќе се движи од 6 до 15, а дневната ќе биде во интервалот од 26 до 33 степени. УВ индексот ќе биде 6.

 

Во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од северозападен правец. Температурата ќе се движи од 12 до 31 степени.

 

Во следниот период ќе продолжи периодот на стабилно и суво време со благ пораст на дневната температура.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.