Времето денеска сончево со умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен до засилен северен ветер. 

 

Утринската температура ќе се движи од осум до 18 степени, а дневната температура од 23 до 30 степени. УВ=6.

 

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со умерен, повремено засилен северен ветер. Утринската температура ќе достигне до 13, а дневната температура до 27 степени.

 

До среда ќе дува засилен северен ветер, кој на повисоките места ќе достигнува брзина околу 80 км/час. Од петок под влијание на потопла воздушна маса ќе има пораст на дневната температура.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.