Мајката на четири бебиња пронајдени во замрзнувач во стан во Бостон пред повеќе од една година нема да одговара. Последниот извештај покажува дека се уште има „многу неодговорени прашања“ за тоа што се случило со бебињата, пренесува Си-би-ес.
 
Украинските сили за специјални операции тврдат дека го уништиле лансерот на рускиот противвоздушен ракетен систем Бук на линијата на фронтот во регионот Суми.
 

Турција ја прекина целата трговија со Израел

Турција од вчера го прекинува целиот извоз и увоз со Израел, соопшти турското Министерство за трговија, наведувајќи ја како причина „влошената хуманитарна трагедија“ на палестинските територии.
 
Помина точно една година од трагедијата во училиштето „Владислав Рибникар“ во Белград, кога Коста Кецмановиќ вооружен со пиштолот на татко му уби девет ученици и чуварот на училиштето, а рани уште неколку.
 
Соединетите Држави официјално ја обвинија Русија дека користи хемиско оружје како метод за војување против Украина и воведоа нови санкции за руски компании и државни органи.
 
Се појави вознемирувачка снимка на која татко од Њу Џерси го принудува својот шестгодишен син да трча на лента за трчање затоа што бил „премногу дебел“, само неколку дена пред смртта на момчето од „хронично“ злоставување.
 

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Предлогот за резолуција за комеморација на геноцид врз Бошњаците од Сребреница, извршен во јули 1995 година, е договорен, а за него треба да се расправа на седницата на Генералното собрание на Обединетите нации, потврди амбасадорот на БиХ во ОН, Златко Лагумџија.
 
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, е убеден дека Украина ќе се приклучи на Северноатлантскиот договор по победата во војната со Русија.
 

Русија загуби стратешки важен остров

Украина во неделата објави дека ја вратила контролата врз тактички важниот остров Нестрих. Капетанот Дмитро Плетенчук, портпарол на Јужната оперативна команда на украинските вооружени сили, изјави за украинската радио станица Хромадске Радио дека контролата на островот во реката Днепар во регионот Херсон значително ќе ги зголеми контрадиверзантските мерки на Киев.
 
Четворица полицајци загинаа, а уште толку се повредени во престрелка во градот Шарлот во американската сојузна држава Северна Каролина. Според информациите од полицијата, убиен е и напаѓачот.
 
Европската унија и земјите кандидати мора да бидат подготвени за проширување до 2030 година, изјави претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и порача дека следниот бран на проширување на ЕУ претставува геополитички императив и „нов состанок со историјата“.
 
Истрагата што ја отвори судот во Мадрид против Бегоња Гомез, сопругата на премиерот Педро Санчез, има неизвесна иднина, по жалбата на обвинителите.
 
Хутите од Јемен го погодија со беспилотни летала контејнерскиот брод „МСЦ Орион“ во напад во Индискиот Океан и бродот „Киклади“ и два американски разурнувачи во Црвеното Море во серија напади што ги извршуваат со месеци како знак на поддршка за Палестинците кои се борат против Израел во војната во Газа.
 
Вирално стана  видео од руски војник кој ги предупредува своите сонародници да не одат во војна.
 

Земјотрес од 4,1 степени утрово во Србија

Утрово во 07:42 часот земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран во регионот на Кладово, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод.
 
Рускиот претседател Владимир Путин беше принуден да ја откаже годишната руска триумфална парада на Денот на победата на 9 мај поради страв од напади со беспилотни летала со украински камикази, пишува „Сан“, додека руските медиуми јавуваат дека маршот на Бесмртниот полк и другите настани планирани за тој ден се намалени на многу поскромно ниво „од безбедносни причини“.
 
Европската Унија нема доволно станици за полнење на електрични автомобили, предупреди здружението на производители ACEA, нагласувајќи дека темпото на нивното поставување заостанува зад продажбата.
 
Силите на Владимир Путин направија дополнителен напредок на најмалку три локации долж источниот фронт на Украина – вклучувајќи го и првото напредување по неколку месеци во северниот регион Харков. Рускиот тактички напредок сега е секојдневен и одразува ново темпо на бојното поле по падот на индустрискиот град Авдиивка во февруари.
 

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.