Ураганот Флоренс почна да зема жртви

 Според најновите податоци, досега во ураганот Флоренс загинале најмалку четири лица.

 

Телевизијата Си-ен-ен јави дека првите две жртви биле мајка и бебе врз кои паднало дрво и ги усмртило на самото место. Таткото бил повреден и пренесен во болница. Една жена загинала во својот дом во Северна Каролина каде што била заглавена откако куќата била преплавена со вода. Уште едно лице починало обидувајќи се да вклучи генератор за струја. Со тоа, бројот на мртви се искачил на четворица.

 

Американски официјални претставници предупредуваат дека поради активноста на ураганот Флоренс на источниот брег од САД, може да згаснат многу човечки живот, пренесе Би-би-си.

 

Стотици илјади Американци останаа без електрична енергија откако периферните делови на Флоренс стигнаа до источниот брег на САД.  Ураганот загуби на сила додека се приближуваше кон Северна и Јужна Каролина, но официјалните лица продолжуваат да предупредуваат дека Флоренс може да земе голем број човечки жртви и дека постои ризик од поплава со катастрофални размери.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.