ФЛОРЕНС СЕ ЗАКАНУВА: Прогласена вонредна состојба во Вашингтон

Градоначалничката на Вашингтон Мјуриел Баузер изјави дека потпишала наредба за прогласување вонредна поради доаѓањето на ураганот Флоренс, кој беснее во Атлантскиот Океан.

 

Вчера Флоренс стигна до четврта категорија на петстепената скала на Сафир-Симпсон. Окото на ураганот е на околу 1.985 километри југоисточно од крајбрежјето на Северна Каролина. Стихијата се движи кон запад и се очекува да стигне до брегот на САД в четврток.

 

Вонредна состојба пораду ураганот е воведена и во Вирџинија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Мериленд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.