Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти  Канцеларијата за тајвански работи на кинеското Министерство за надворешни работи.

Пекинг ги повика САД да ја исполнат својата обврска да не ја поддржуваат независноста на кинескиот регион Тајван, како и да прекинат со секаков вид негово вооружување, рече портпаролот на Канцеларијата.

Американскиот Сенат усвои нацрт-закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и кинескиот регион Тајван во вкупна вредност од 95 милијарди долари.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.