Светски медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми.

Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни медиуми објавија рано денеска дека нивните сили ги уништиле беспилотните летала.

Ова се случува неколку дена откако Иран изврши одмазднички напад со дрон врз Израел. Извор изјави за Ројтерс дека САД не биле вклучени, но дека Израел ги информирал пред нападот.

Иранската новинска агенција „Фарс“ објави дека три експлозии се слушнале во близина на воена база во централниот град Исфахан.

Ирански функционер изјави за Ројтерс дека немало ракетен напад и дека експлозиите се резултат на активирање на иранските системи за противвоздушна одбрана.

Иранската државна телевизија објави дека нешто по полноќ „на небото над Исфахан биле забележани три дронови“.

„Системот за противвоздушна одбрана беше активиран и ги уништи овие дронови на небото“, пренесе медиумот.

Телевизијата подоцна соопшти дека ситуацијата во Исфахан е нормална и дека немало копнени експлозии.

Израелската армија не ги коментираше извештаите.

Си-Ен-Ен пишува дека Израел го извршил нападот внатре во Иран, а тоа го изјавил американски претставник за оваа мрежа.

Си-Ен-Ен тврди дека станува збор за потег кој се заканува со дополнително ескалирање на регионалниот конфликт.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.