(Видео) Русите брутално ги мачеле уапсените за масакрот, а потоа ги објавиле снимките во јавноста, пишува Би-би-си

Ако се суди според првото појавување на суд на четворицата осомничени од Русија за масакрот во концертната сала, како и по видеата што се појавија, руските безбедносни сили ги мачеле. Тројца осомничени терористи вчера беа донесени во судот во Москва, додека четвртиот беше довлечен во инвалидска количка. Сите се обвинети за тероризам.

Терористичката група Исламска држава соопшти дека го извршила нападот во петокот во концертната сала Crocus City Hall и објавила вознемирувачка видео снимка од внатрешноста на салата, на која се гледа како терористите пукаат врз цивили. Неколку руски официјални лица без никакви докази тврдат дека Украина била вмешана во нападот, додека Киев вели дека тврдењето е „апсурдно“.

 

 

Руските власти ги идентификуваа четворицата напаѓачи како Далерјон Мирзоев, Саидакраим Муродали Рачабализода, Шамсидин Фаридуни и Мухамедсобир Фајзов.

На видеото се гледаат маскирани полицајци како ги носат во Окружниот суд Басмани во руската престолнина.

Руските безбедносни сили очигледно ги претепале и мачеле четворицата напаѓачи. На социјалните мрежи протекоа вознемирувачки снимки кои, според Би-би-си, очигледно биле објавени од безбедносните сили. На снимката се гледаат брутални испрашувања. На едно видео се гледа како еден од напаѓачите во устата му е турнато увото кое штотуку било отсечено, а Би-би-си јавува дека некои снимки сугерираат дека најмалку еден од напаѓачите доживеал струен удар.

Лицата идентификувани од судот како Мирзојев и Рачабализода имаа модринки на лицето, а овој има завој над главата во пределот на увото. Се шпекулира дека станува збор за напаѓачот кому Русите при сослушување му го отсекле увото.

Покрај тоа, на Мирзојев околу вратот му беше завиткана искината најлонска кеса, што навестува тортура со задушување, но и желба на руските власти да и покажат на јавноста дека ги мачеле напаѓачите кои го извршија смртоносниот напад на концертната сала.

Лицето на мажот идентификуван како Фаридуни беше тешко отечено, а човекот по име Фајзов, кој беше донесен на суд во инвалидска количка облечен во болничка наметка, ја губеше свеста. Се чини дека му недостасува око, според новинската агенција Ројтерс.

Во соопштението на судот се наведува дека Мирзојев „целосно ја признал вината“, а Рачабализода се наведува дека „ја признал вината“. Мажите се идентификувани како државјани на Таџикистан, објави руската државна новинска агенција Тасс.

Сите четворица ќе бидат во истражен притвор најмалку до 22 мај, додаваат од судот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.