Роналдо со два гола му донесе победа на Јуве

Со двата гола на петкратниот освојувач на „Златната топка“, Кристијано Роналдо, Јувентус го победи Сасуоло со 2:1 во натпревар од 4-тото коло на Серија „А“, одигран во Торино.

Во првото полувреме гостите дадоа сериозен отпор на шампионот и погодија греда, а им беше поништен и еден гол. Непосредно по почетокот на вториот дел, португалската ѕвезда сепак ја отвори гол сметката за „бјанконерите“, а за целта му беа потребни 28 удари.

Во 65-тата минута повторно Роналдо беше во центарот на вниманието, откако се запиша по пaд на Емре Џан. На крајот Бабакар беше прецизен за гостите, а Даглас Коста доби црвен картон. Но Јувентус не допушти израмнување, i продолжува со победничката серија, откако има 12 поени од четири натпревари, додека Сасуоло останува со седум бода.

Во следниот круг, рекордерот по титули гостува на Фрозиноне, додека „зелено-црните“ го пречекуваат Емполи.

Резултати од Серија „А“, 4.коло:

Рома - Киево 2:2
Џенова - Болоња 1:0
Јувентус - Сасуоло 2:1
Удинезе - Торино 1:1

Резултати од вчера:

Интер - Парма 0:1
Наполи - Фиорентина 1:0
Фросиноне - Сампдорија 0:5.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.