Металург поразен на гостувањето кај Спортинг

Екипата на Металург доживеа пораз со 34-26 (13-13) од Спортинг во Лисабон во првото коло од Лигата на шампионите во групата „Ц“ .

Екипата од Автокоманда во првиот дел од натпреварот беше достоен противник, но португалскиот тим во второто полувреме успеа да го скрши отпорот на металурзите. Клучната разлика беше направена на десет минути пред крајот, кога домаќините поведоа со пет гола разлика и ја одржаа предноста до крајот.

Танковски беше најефикасен кај нашиот тим со шест гола, додека Серафимов го следеше со пет. Руезга и Роча постигнаа по шест погодоци за Спортинг.

Металург на 23 септември го пречекува турски Бешикташ во вториот натпревар од ЛШ во групата „Ц“. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.