Роналдо ќе отвори хотел и во Париз

Фудбалерот на Јувентус, Кристијано Роналдо ќе го отвори својот шести хотел под брендот „CR7“.

 

Инвестицијата на Португалецот е во Париз, а се очекува хотелот да готов до 2021 година. Ова е шести по ред хотел во кој вложува Роналдо.

 

Од 2016 година под познатиот бренд на фудбалерот работат два хотели: еден во Лисабон и еден во родниот град на Роналдо, Фуншал, кој е главен град на островот Мадеира.

 

Во 2020 година ќе бидат отворени хотели во Мадрид, Њујорк и Маракеш.

 

Ѕвездата на Јувентус планира да ја зголемат империјата следната година, со хотел во Париз кој ќе има 210 соби. Треба да се гради на левиот брег во јужниот дел на реката Сена.

 

Како и со другите пет хотели, 60 милиони евра ќе бидат подеднакво инвестирани од Роналдо и од португалската хотелска група „Пештана“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.