ПСЖ: Јувентус ни е главен конкурент за титулата во ЛШ
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 12 Септември 2018
Претседателот на ПСЖ Насер ал Келаифи изјави дека сезонава очекува Јувентус да биде главен конкурент на неговиот клуб за освојување на титулата во Лигата на шампионите.
Клубот од Торино летово го ангажираше Кристијано Роналдо, а Јувентус според Ал Келаифи со доаѓањето на португалскиот фудбалер сега е меѓу фаворитите за титулата.
- Јувентус со Роналдо е наш главен конкурент за титулата. Честитам, истакна првиот човек на ПСЖ.
Реал Мадрид со Роналдо минатата сезона ја освои Лигата на шампионите. Реал во финалето го совлада Ливерпул, а во претходните фази ги елиминираше ПСЖ и Јувентус.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс