Олимпик Марсеј не се откажува од Балотели

Олимпик Марсеј ќе ги продолжи преговорите со Балотели за евентуално негов трансфер во зимскиот преоден рок, објави Скај Италија.

 

Напаѓачот на Ница, може да се пресели во Марсеј доколку се договорат финансиските услови кои беа пречка трансферот да се реализира пред почетокот на оваа сезона.

 

28-годишниот Италијанец во Ница е од 2016 година. Пред доаѓањето во Лига 1 „Супер Марио“ настапуваше за Милан, Ливерпул, Манчестер Сити, Интер и Лумецане.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.