Клоп: Луѓето не се навикнати да играме добар фудбал

Ливерпул новата сезона ја започна со убедлива победа од 4:0 против Вест Хем, а во англиската јавност веднаш се појавија прогнози дека клубот е новиот фаворит за титулата.

Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, по зголемените очекувања на навивачите и јавноста, а со цел да го заштити тимот наведе дека играат подобно, но дека се уште ништо не освоиле.

- Луѓето очигледно не се навикнати да не гледаат како играме добар фудбал. Но, се уште ништо не сме освоиле. Мораме да работиме, а не да славиме до следниот натпревар. Сакам да напредуваме, да играме фудбал и да се бориме за секој бод. Не сме најдобриот тим во светот, но свесни сме дека можеме да бидеме подобри, истакна Клоп.

Ливерпул во второто коло од Премиер лигата ќе игра против Кристал Палас.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.