Македонските одбојкари со пораз од Шпанија ги завршија Медитеранските игри

Македонска одбојкарска репрезентација

Македонската одбојкарска репрезентација го претрпе и вториот пораз на Медитеранските игри во Тарагона, откако со максимални 3:0 беше совладана од домаќинот Шпанија.

 

Шпанските одбојкари првите два сета ги освоија со убедливи 25:16 и 25:14, додека Македонија во третиот сет се обиде да пружи отпор и го загуби со 25:22.

 

Претходно, македонските одбојкари беа поразени од Египет на стартот од Игрите.

 

Со двата порази Македонија е третопласирана и остана на последното место во групата Ц. На табелата Шпанците водат со три бода, а Египет е второпласиран со два.

 

Македонските одбојкари ги завршија настапите на Медитеранските игри, бидејќи првите две репрезентации од четирите групи продолжуваат во четвртфинале.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.