Второ џип рели „Македонски трофеј"

„Македонски трофеј"

На полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово и во околината на Прилеп денеска и утре ќе биде одржан меѓународниот рели натпревар со џипови насловен „Македонски трфеј“. Организатор на оваа единствена од ваков вид манифестација која се одржува по втор пат е клуб от „Оff road Prilep“, а покровител општина Прилеп.

 

Според претседателот на клубот Панче Чупаркоски, на релито учествуваат околу 200 натпреварувачи од Бугарија, Србија, Албанија, Косово и Македонија кои ќе ги покажат своите вештини.

 

- Учесниците изутринава со џиповие се собраа во центарот на Прилеп и по пригодното отворање на манифестацијата се упатуваат на полигонот за екстремни спортови кај Старо Лагово од каде околу 11 часот ќе почне денешниот натпревар. Денеска се возат 30 километри преку селото Селце и месноста Шаторов камен. Се возат три категории (трофи, адвенчр и туристичка категорија). Утре учесниците се натпреваруваат на полигонот кај Старо Лагово и возат четири километри. Оваа е единствена манифестација од ваков вид кај нас, вели Чупаркоски.

 


Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.