Манчестер Сити и Пеп Гвардиола успешно го реализираа трансферот на Данило од Реал Мадрид

Данило

Манчестер Сити и Пеп Гвардиола успешно го реализираа трансферот на Данило од Реал Мадрид. Бразилецот Данило потпиша петгодишен договор со екипата што ја предводи Пеп Гвардиола.

 

„Кога дознав дека Сити ме сака во своите редови, веднаш решив да дојдам тука“, рекол 26-годишниот фудбалер. Финансиските детали не се познати, а Данило е поранешен играч на Порто и Реал. Тој со „Кралскиот клуб“ освои две титули во Лигата на шампионите.

 

Освен Данило, Сити е пред ангажман и на уште еден дефанзивец, левиот бек Бенјамин Менди. Сити и Монако го договориле трансферот, а сумата која Сити ќе ја плати за 23 годишниот Менди повотрно ќе го собори трансфер рекордот кога се во прашање дефанзивците.

 

Сити минатата недела постави рекорд со трансферот на Кајл Вокер, а сега истиот го собори откако Пеп Гвардиола реши да плати 57,5 милиони евра за Менди. Менди е вториот фудбалер кој летово од Монако се пресели во Сити, откако претходно кај граѓаните стигна Бернардо Силва. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.