Непобедливиот Баер израмни во 97.минута, во финалето со Аталанта

Баер Леверкузен и Аталанта ќе се борат за трофејот во Лига Европа. Синоќа, Аталанта постигна историски успех, се пласира во своето прво европско финале, откако во ревашот го победи Марсеј со 3:0. Баер ја продолжи серијата без пораз, урна рекорд стар 59 години, откако уште еднаш на волшебен начин избегна пораз. До 82.минута новиот шампион на германија губеше од Рома 0:2, на крајот со голот на Станишиќ во 97.минута избори реми 2:2. Баер нема пораз на 49 натпревар во низа.

Баер во Леверкузен доминираше против Рома, но до 82.минута не успеа да го совлада одличниот Миле Свилар кој натпреварот го заврши со 12 одбрани. Рома успеа да ја наулира негативата од првиот меч, два пати од белата точка погоди Паредес, откако аматерски пебали направија Та во 43. и Хложек во 66.минута.

Во 82.минута Манчини си постигна авто-гол, а на истекот на 97.минута Станишиќ ги постави конечните 2:2.

Баер се избори за првото европско финале по пауза од 22 години, кога играше финале во Лигата на шампионите.

Во Бергамо, Аталанта го прегази Олимпик Марсеј. По првиот меч резултатот беше 1:1, а во реваншот Аталанта славеше со 3:0. Стрелци на головите беа Лукман во 30., Руџери во 52. и Туре во 85.минута.

Финалниот натпревар во Лига Европа ќе се одигра на 22 мај во Даблин.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.