Аталанта ќе се бори за трофејот во Купот на Италија

Аталанта синоќа избори пласман во финалето, во Кушот на Италија. Во реваншот, талнат ја победи Фиорентина со 4:1.

Предноста со која Фиорентина допатува во Бергамо ја анулира Копмајнерс во осмата минута.

Фиорентина остана со фудбалер помалку во 53.минута, кога Миленковиќ како последен човек во одбраната направи фаул врс Скамака.

И со играч помалку Фиорентина успеа да изедначи преку Мартинез Кватра во 68.минута. Работите во вкупниот резултат ги врати Скамака со евро-гол во 75.минута.

Драмата кулминираше во самиот финиш Лукман погоди во 95. за 3.1, а три минути подоцна точка на натпреварот стави Пашалиќ.

Фиорентина сигурно ќе има жестоки поплаки за судењето на Ла Пења. Впечаток е дека Фиорентина не доби пенал при водство на Аталанта 1:0, а исто така спорен е почетокот на акцијата при третиот гол, кога Бираги беше фаулиран, а и спорна е позицијата на стрелецот на голот Лукман.

Таму ги чека Јувентус кој претходно го победи Лацио.

Финалето е закажано за 15 мај.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.