Интер го победи Милан и го освои 20. Скудето
- Детали
- Категорија: Спорт
- Создадено: 23 Април 2024
Фудбалерите на Интер како гости го победија Милан со 2:1 во дербито „Дела Мадонина“. Со овој триумф Интер и математички ја обезбеди шампионската титула за сезоната 2023/2024. На пет кола до крајот на сезоната Интер има 17 бодови повеќе од Милан.
Интер синоќа ја освои 20 шампионска титула во клуската историја. Сега има една титула повеќе од Милан. Најмногу трофеи, вкупно 36 има Јувентус.
Интер во 33 кола загуби само еден меч (на домашен терен од Сасуоло), забележа 27 победи, Јан Зомер на 19 натпревари остана несовладан. Навистина нестварна сеозна за екипата на Симоне Инзаги.
Дербито го решија ветранот Ачерби во 18. и Тирам во 49.минута. Милан во 80.минута внесе неизвесност со голот на Томори.
Самиот финиш на натпреварот донесе многу нервоза на теренот. Брзата реакција на фудбалерите на двата тима спречи тепачка меѓу Дамфрис и Тео Ернандез. Двајцата беа исклучени во 95.минута, а две минути подцна поради удрирање на притвнички играч црвен картон доби и капитенот на Милан, Калабрија.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс