На 5-ти мај крворарителна акција во салата ,,Кочо Рацин,, во Општина Петровец

Крворарителна акција во Петровец

Крводарителите од Општина Петровец ќе имаат можност да ја даруваат најдрагоцената течност на крводарителната акција која ќе се организира на 5-ти мај во спортската сала ,,Кочо рацин,, во Петровец. Оваа акција е дел од активностите на Општина Петровец за одбележување на денот на општината.

 

Со низа активности Општина Петровец ќе го одбележи 6-ти мај - денот на општината. Во рамките на одбележувањето на денот на Општината ќе се одржи уште една традиционална крводарителна акција заедно со Заводот за трансфузиона медицина.


Акцијата ќе спроведува во петок на 5-ти мај во спортската сала ,,Кочо Рацин,, во Петровец во период од 9:00 до 14:00 часот. Во овој период крводарителите ќе имаат можност да ја даруваат најдрагоцената течност и со тоа да спасат нечиј живот и да ја потврдат својата хуманост.


Како дел од одбележувањето на денот на општината и 20 години од своето постоење, градоначалникот на Општина Петровец Борче Митевски ќе додели благодарници на две фирми кои помогнаа во расчистувањето на снегот и овозможија Општина Петровец да имаа проодни патишта во зимскиот период.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.