Мицкоски: Народот кажа „стоп" за Договорот

Граѓаните кои гласаа против и граѓаните кои апстинираа од гласање денеска ја испратија најсилната порака „Ова е Македонија, овде живеат Македонци, нашиот идентитет е македонски, нашиот јазик е македонски, нашите претци биле Македонци, а такви ќе бидат и нашите идни генерации“, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашната прес-конференција. 

Тој оцени дека референдумот е длабоко неуспешен и оти политиката на Зоран Заев и неговата Влада потфрлила. - Бројот на оние што апстинираа и гласаа против е драстично поголем од оние што го поддржаа Договорот. Народот покажа истрајност, демократија и патриотска свест, рече Мицкоски.

Оцени дека народот не успеале да го скршат ниту уцените, заканите, јавувањата на директори на институции, изготвени списоци... Додаде дека во иднина некој ќе одговара бидејќи штабот на СДСМ ги имал броевите на членовите на ВМРО-ДПМНЕ и се обидувал преку пораки и наводно испратени од ВМРО-ДПМНЕ да излезат на гласање. Според Мицковски, некој ќе одговара и за полнење на кутиите во Сарај и Струга каде на минатите избори излезеноста била 45 отсто, а сега 95 отсто.  

- Денеска речиси 1,2 милиони луѓе кажаа дека се против Договорот, но и дека се за ЕУ и НАТО. Овие луѓе ја сакаат европска Македонија, но се против Договорот за промена на името, рече Мицкоски.

Запрашан дали ќе прифати предвремени парламентарни избори, Мицковски кажа дека Заев не треба да бара предвремени парламентарни избори, туку оти му е подобро да се подготвува за политичка пензија. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.