Какво време не очекува за време на викендот?

Ведро и многу студено време за овој дел од годината ја очекува Македонија и Скопје за време на викендот.

 

Преку денот ќе виде сончево со мала до умерена облачност, а утринската температура ќе се движи од -3 до 6, додека дневната температура од 19 до 25 степени.

 

Попладне облачноста ќе се зголеми, особено во јужните делови каде ќе има услови за локален краткотраен дожд и ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

 

Во Скопје времето ќе биде сончево со мала, а попладне со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер. Температурата ќе се движи од еден степен во утринските часови до максимални 23 степени.

 

За време на викендот од утре сабота следува период на променливо облачно време со услови за локален дожд. Утринските температури поради наоблачувањето ќе се зголемат, додека дневните ќе бидат без поголеми промени.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.