Денеска сончево и студено, температурата до 24 степени

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер. Утрото ќе биде студено и ведро.

 

Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од 14 до 24 степени. УВ-индексот ќе изнесува 6.

 

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 21 степен.

 

До утре времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.