Притвор за полицаецот кој изврши убиство во Беловодица

Мерка притвор во траење од 30 дена на Е.Т. (24) од Битола, кој се сомничи за убиството во Беловодица му одреди Судија на претходна постапка при Основниот суд Прилеп. 

Притворот ќе се извршува во Казнено поправната установа Затвор Скопје.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи вчера поднесе кривична пријава против Е.Т. вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, казниво по член 123 став 2 точка 4 од Кривичниот законик на Република Македонија.

Како што информира МВР, убиството било извршено завчера попладне во атарот на село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде осомничениот Е.Т. со службениот пиштол го застрелал А. Б., по што го полеал со бензин и го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.