Кривична за убиство против полицаец од Битола

Надворешната канцеларија за кривични работи - Прилеп до Основното јавно обвинителство денеска поднесе кривична пријава против Е.Т. (24) од Битола, вработен во Министерството за внатрешни работи како полицаец во Полициска станица Битола, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Како што информира Министерството за внатрешни работи, вчера околу 12:00 часот пријавениот го контактирал сега покојниот А. Б. (36) во село Јеловјане и му понудил да му продаде патничко моторно возило марка „Голф 5“, сопственост на лицето Ј.С. од Битола.

Двајцата контактирале преку пораки од социјалната мрежа „Фејсбук“ при што се договориле истиот ден околу 14:30 часот А.Б. да го види возилото, кое од страна на пријавениот му било понудено за продажба за сума од 3.600 евра. Откако го виделе возилото, двајцата се упатиле кон село Беловодица, во близина на превојот Плетвар, каде што наводно требало да ги чека сопственикот на возилото. Откако стигнале во атарот на село Беловодица двајцата излегле надвор од возилото. Во еден момент Е.Т. го извадил својот службен пиштол кој го носел со себе и испукал четири куршуми кон покојниот А. Б., кој бил усмртен на лице место. Е.Т. од А.Б. одзел една чантичка во која имало 4.000 евра, пари кои му биле предвидени да му ги плати на сопственикот на возилото. Потоа, пријавениот од возилото извадил шише полно со бензин и црна капа која му ја ставил на лицето на покојниот Б.А. и откако го полеал со бензин го запалил. Откако го извршил кривичното дело, со возилото се упатил во правец кон Битола.

Министерството за внатрешни работи денеска потврди дека ноќеска околу 2:00 часот Е.Т. е лишен од слобода. Службениот пиштол со потврда е одземен и истиот ќе биде предмет на балистичко вештачење. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.