Откриени 10 мигранти во возило во Гевгелија

Во редовна контрола на булеварот „Гевгелија“ во Гевгелија полициски службеници синоќа во 01.00 часот по полноќ откриле 10 лица мигранти во патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

 

Осум од мигрантите биле од Пакистан и двајца од Авганистан, соопшти денеска МВР.

 

Возачот побегнал од лице место, но по кратко време бил стигнат и лишен од слобода. Се работи за лицето В.Ф. (35) од скопското село Студеничани. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

 

Мигрантите се задржани во Полициската станица за Граничен премин „Богородица“ – железнички премин за понатамошна постапка.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.