Вес Мичел в четврток доаѓа во Скопје

Помошникот американски државен секретар за Европа и Евроазија Вес Мичел на 13 септември ќе допатува во Македонија.

 

Тој ќе оствари средби со македонскиот премиер Зоран Заев и со други официјални претставници за поддршка на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција за претстојниот референдум на 30 септември, соопшти Стејт департментот. 

 

Мичел во Скопје ќе има средби и со претставници на парламентарните партии и на бизнис заедницата со кои ќе размени мислења и ќе ја нагласи американска поддршка за приклучувањето на Македонија во Западното семејство, се наведува во соопштението.

 

Претходно Вес Мичел ќе престојува во Грузија каде што ќе учествува на Меѓународна конференција во Тбилиси и ќе има средби со претставници на властите и на граѓанското општество.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.