Продолжува судењето за „Т.Н.Т.“- се гледаат собраниски снимки

Со гледање на снимки од надзорната расправа на собраниската Комисија за транспорт и врски денеска во Кривичниот суд во Скопје продолжи судењето за уривањето на станбено-деловниот комплекс „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски по изборите во 2011 година.

 

Предметот „Т.Н.Т.“ на Специјалното јавно обвинителство се наоѓа во доказна постапка.



Меѓу обвинетите во случајот се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески и поранешниот градоначалник на општина Гази Баба, Тони Трајковски.

 

Според обвинението на СЈО, обвинетите во 2011 година сториле кривично дело од политичка омраза со уривање на комплексот „Космос“ на Фијат Цаноски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.