Фрлањето на храна во Македонија ќе се регулира со закон

Закон за фрлање храна

Во Македонија се фрла 5.000 тони храна годишно. Со законско решение за ослободување на бизнисите од данокот на додадена вредност за храната која ќе ја донираат ќе се стимулираат угостителските локали, и супермаркетите да ја донираат храната, наместо истата да завршува на депонија.

 

До почетокот на наредната година во Македонија со закон ќе се регулира донирањето на храна во хуманитарни цели. Станува збор за огромна количина на храна која во Македонија на годишно ниво би можеле да се нахранат 13.000 луѓе со три оброка дневно. Со регулирањето на фрлањето на храната најпрво ќе бидат опфатени маркетите, добавувачите и производителите по што, во втората и третата фаза ќе бидат таргетирани и рестораните, кетеринг службите и домаќинствата.


Блаже Јосифовски, претседател на Асоцијацијата за чиста животна средина „Ајде Македонија“ која е иницијатор на законските измени, нагласи дека покрај обезбедувањето на храна за сиромашните, придобивките ќе се почувствуваат и од аспект на помало загадување и пренатрупување на депониите со храна. Сепак, за успешна реализација на проектот, потребна е и соработка со производителите на храна, но и со домаќинствата. Хуманиот аспект е присутен, вели Јосифовски, но тоа донирањето поминува неофицијално, но без конкретни податоци и бројки.


Со законското решение ќе се бара бизнисите да бидат ослободени од данокот на додадена вредност за храната што ќе ја донираат, но и од кривична одговорност при евентуални незгоди или злоупотреби ако доследно ги почитуваат правилата за безбедна храна.


Васко Ристовски од Стопанската комора на Македонија информира дека прва во светот Франција го регулираше прашањето со фрлањето храна, а примерот веќе го следи Велика Британија која годишно фрла по 15 милиони тони.


Согласно Програмата „Хоризонт 2020“ ЕУ планира да го намали отпадот на храна до 2025 година за 30 отсто. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.