Од 2 до 8 октомври прво ,,Иновативно кулинарско искуство 2017,, во Скопје

,,Иновативно кулинарско искуство 2017,,

Од 2 до 8 окомври Скопје ќе биде домаќин на светски познати готвачи кои ќе учествуваат на првиот фестивал ,,Иновативно кулинарско искуство,,. Фестивалот има за цел едукација и развој на туризмот во Македонија преку конзумирање на деликатеси од светската кујна подготвени во Македонија.

 

Светски познати готвачи од Перу, Чиле, Германија, Мароко, Турција и Кина ќе бидат дел од првиот фестивал ,,Иновативно кулинарско искуство,, во Скопје кој ќе се одржи од 2-8 октомври. Познати готвачи ќе подготвуваат специјалитети од шест интернационални кујни со локални намирници. Иницијативата е на шефот Марк де Јонг и има за цел едукација и развој на туризмот во Македонија преку конзумирање на деликатеси од светската кујна подготвени во Македонија. Марк истакна дека сака да ги донесе готвачите за сите шефови од хотелите, рестораните и кујните да можат да научат нешто повеќе од мастер класовите и со тоа да се подигне нивото на кујната во Македонија.


Шеф Марк посочи дека фестивалот е инклузивен и дека секој ден секој мастер шеф ќе има своја екипа од млади готвачи и луѓето со посебни потреби. На 16 септември ќе има и натпревар со млади готвачи, каде ќе бидат селектирани млади готвачи кои ќе бидат дел од фестивалот. Ќе има мастер шефови, шефови и млади готвачи, за кои ќе биде големо искуство.


Според Илија Вучков, главен фокус на фестивалот е едукација на готвачкиот кадар во Македонија. Ќе има пет работни дена со мастер класови и исто така, посети на ресторани и хотели низ Македонија. Настанот не е само за професионалци и ќе може и обичните граѓани да дојдат и да научат да готват некој вид на јадење.


Пријавувањето за обуките, мастер класовите и за посетата на објекти е веќе започнато.Фестивалот е од хуманитарен карактер и собраните средства ќе бидат наменети за отворање на Академија за готвење, односно отворен простор каде членовите од професионалната организација на готвачи ММЦЦ и странски готвачи ќе споделуваат знаење со сите заинтересирани посетители.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.