Вечерва, „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски го отвара 48. МОТ
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 08 Ноември 2023
Со претставата „Декамерон“, во режија на Мартин Кочовски на Прилепскиот театар „Војдан Чернодрински вечерва во 20.00 во МКЦ се отвора 48 – то издание на меѓународниот театарски фестивал Млад отворен театар – МОТ
Италијанска премиера на македонскиот филм „М“ на фестивал во Трст
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 30 Октомври 2023
Македонскиот филм „М“ во режија на Вардан Тозија на 1 ноември ќе биде прикажан на фестивалот Trieste Science + Fiction Festival. Ова е италијанска премиера на филмот работен по сценарио на Вардан Тозија и Даријан Пејовски, продуценти се Дарко Попов и Вардан Тозија, а филмот е работен со копродуценти од Франција, Хрватска, Косово и Лукембург, со мнозинска македонска продукција.
Изведба на операта „Травијата“ од Џузепе Верди на 31 октомври
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 30 Октомври 2023
Една од најомилените претстави на македонската публика, операта „Травијата“ од Џузепе Верди ќе се изведе на сцената на Националната опера и балет на 31 октомври, со почеток во 20.00 часот.
Се паѓаше во бесвест на промоцијата на новата книга на Зоран Спасов-Ѕоф – „Цепај сине“ го собра цело Скопје на журка
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 27 Октомври 2023
Авторот на бестселери, Зоран Спасов-Ѕоф, во средата, во Скопје ја промовира својата нова книга „Цепај сине“. И овој пат, исто како и лани, кога ја промовира „Џабе живиш у Скопје“, клубот беше претесен да ги собере сите што дојдоа на промоцијата, која беше вистинска журка за скопјани.
„Матица македонска“ ќе ја одбележи 30-годишнината од смртта на Блаже Конески со промоција на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 20 Октомври 2023
Книгоиздавателството „Матица македонска“ ќе ја одбележи 30-годишнината од физичкото заминување на Блаже Конески со промоцијата на книгата „Просто и строго – Конески“ од Иван Антоновски. Промоцијата ќе се одржи на 25 октомври 2023 година (среда), со почеток во 18 часот, во книжарницата на „Матица македонска“ на булеварот на книгите – Св. Климент Охридски. Промотори на книгата ќе бидат универзитетските професори Венко Андоновски и Димитар Пандев, а за настанот е предвидена и музичка програма на Драган Даутовски.
Седмо издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“ во Струга
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 10 Август 2023
Седмото издание на фестивалот на краток филм „Drim Short“, годинава ќе се одржи од 14 до 17 август во Струга.
Писмо со поддршка за Манчевски од Венецискиот филмски фестивал
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 08 Август 2023
Венецискиот филмски фестивал, најстариот во светот, објави писмо со поддршка за македонскиот режисер Милчо Манчевски.
Културно лето на Општина Кисела Вода: голем број посетители, добра музика и расположение
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 23 Јуни 2023
Преку 15 000 посетители вчера вечер уживаа во фантастичната атмосфера на првата вечер од Културното лето на Општина Вода. Настанот го отвори DJ Mats кој со својот добро познат стил го подигна расположението кај сите присутни.
,,Шеќерни луѓе” на Сузана Диневски добитник на 23 награди и селектиран на 60 филмски фестивали
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 15 Јуни 2023
Краткометражниот игран филм „Шеќерни луѓе” во режија на Сузана Диневски – „Сузи Кју Продукција” продолжува да освојува награди на светски филмски фестивали.
„Свадбата на Фигаро“ од Моцарт в среда во НОБ, влезот слободен
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 12 Јуни 2023
На Малата сцена на Националната опера и балет на 14 јуни, в среда, од 20 часот, „Балкан опера студио“ во копродукција со Оперското студио при Театарот на Литванската национална опера и балет и нашиот оркестар „Профундис“ под диригентската палка на Ѓурѓица Дашиќ ќе ја изведат омилената опера од Моцарт, „Свадбата на Фигаро“.
Венко Адноновски меѓу осум светски писатели во потесен избор за Толстоевата награда
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 09 Јуни 2023
Романите „Палата на соништата“ на Исмаил Кадаре (Албанија), „Внука“ на Бернхард Шлинк (Германија, познат по романот и филмот „Читачот“), „Зимски војник“ на Даниел Мејсон (САД, познат по „Пијано штимер“), „Пиштарки“ на Фернандо Арамбуру (Шпанија), „Кожурец“ на Џанг Јуеран (Кина), „Звукот на нештата што паѓаат“ на Хуан Габриел Васкез (Колумбија), „Ветување“ на Дејмонд Галгут (Јужна Африка) и „Папокот на светлината“ на македонскиот писател Венко Андоновски, се наоѓаат во тесниот избор за престижната светска книжевна Толстоева награда „Јаснаја Полјана“.
Утре ќе биде погребан актерот Трајче Ѓоргиев
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 04 Јуни 2023
Актерот на Македонскиот народен театар Трајче Ѓоргиев кој почина вчера, ќе биде погребан во понеделник на 5 јуни.
(ВИДЕО + ФОТО) Медиумска писменост за лицата со попреченост - “Сите сме еднакви“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 31 Мај 2023
Медиумската писменост е дел од правото на слободата на изразување и правото да се примаат и даваат информации. Медиумска писменост значи развивање етика и почитување на вредностите и различностите.
Промоција на романот „Увозникот на бели ноќи“ од Трајче Кацаров
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 18 Мај 2023
Во мултимедијалниот културен центар Матица Ексклузив, на 19 мај 2023 година во 12 часот ќе се одржи промоција на најновиот роман на современиот македонски писател, Трајче Кацаров. На страниците од своето најново прозно дело авторот прави мозаик на ретко возбудливи настани што се случуваат во нашата средина. Романескната структура е проткаена со комични и хумористични елементи, привлечни за широк круг на читатели.
„М“ на Вардан Тозија со проекција на филмскиот маркет во Кан
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 18 Мај 2023
Агенцијата за филм и оваа година ќе биде присутна на филмскиот маркет кој се одржува од 16. до 27. мај во рамки на Канскиот филмски фестивал каде ќе биде промовирана македонската кинематографија.
Концерт на Младинскиот оркестар на ЕУ и „Фамес“ со виолинистот Даниел Роланд
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 17 Мај 2023
В понеделник, 22 мај, со почеток во 20 часот, во концертната сала на Филхармонија заеднички концерт ќе одржат Младинскиот оркестар на Европска унија (EUYO) и оркестарот на европскиот изведувачки институт „Фаме’с“ кој работи во Скопје.
Утревечер почнува фестивалот „Крај Вардарот џез“
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 17 Мај 2023
Утревечер, почнува четвртото издание на фестивалот „Крај Вардарот џез“, во организација на дискографската куќа „ПМГ џез“, и ќе трае до 20 мај.
Прекинато финансирањето на филмовите на Манчевски, утврдени нерегуларности во извештаите
- Детали
- Категорија: Култура
- Објавено: 17 Мај 2023
Агенцијата за филм врз основа на донесена одлука од страна на Управниот одбор поднесе кривична пријава против продукцијата на режисерот Милчо Манчевски, „Банана Филм“ – Скопје.