Од 3 до 9 мај во ВИП Арена „Борис Трајковски“ Саем на книга

Саем на книга

Триесеттото издание на Саемот на книга ќе се одржи од 3 до 9 мај во ВИП Арена „Борис Трајковски“ под покровителство на Министерството за култура.


Од Министерството за култура соопштија дека на Саемот ќе учествуваат сите значајни издавачки куќи во Македонија и издавачки куќи од регионот...Издавачките куќи, наведуваат од Министерството, најавија дека ќе ги претстават своите најнови изданија, како и голем број на промоции, средби со автори и големи саемски попусти. 


По повод 30. јубилејно издание на Саем на книга, Скопски саем за сите организирани, групни посети на ученици ќе обезбеди бесплатен влез. Донацијата за влез на ученици се обезбедува со цел промоција на најмасовната културна манифестација во земјава, популаризација на книгата и негување на читателската публика уште од најрана возраст. Се очекува, зголемено присуство на посета на ова јубилејно издание на Саемот и да ја надмине бројката од редовните 40.000 посетители, посочуваат од Министерството. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.