Еден месец младите од Македонија ќе имаат можност да пишуваат пораки за слободата

Пораки за слободата

Едина Селесковиќ, со исталацијата Мисли слобода го патува целиот свет, а летово е присутна во Скопје, во рамки на 38то скопско лето. Идејата е да се слушне гласот на младите од цел свет за тоа што значи слободата.

 

Инсталацијата „Мисли слобода“ на светски реномираната американска уметница со потекло од БиХ, Едина Селесковиќ веќе неколку дена е поставена на улица Македонија во рамки на 30то Скопско лето. Уметницата која на 16 годишна воздраст, пред војната во Босна, ја напуштила родната земја, и заминала во Америка, во ексклузивно интервју за МТМ телевизија вели дека единствената цел на овој проект е да се слушне гласот на младите луѓе и да се направи паралела помеѓу значењето на слободата во азлични делови од светот.


Таа вели дека станува збор за уметничка инсталација која успеала да соедини многу млади луѓе, уметници, архитекти кои на скулптури ги поставуваат своите пораки и размисли за тоа што за нив значи слободата. Проектот којшто го започнала во 2015 година во Сараево, досега има гостувано во пет градови, а планирано е да гостува низ градови во 36 земји во светот, и истиот ќе биде заокружен со негова презентација во Њујорк во 2020 година. Ја прашавме дали е постигната целта и основната идеја на овој проект.

 

Инсталацијата во Скопје ќе биде поставена до крајот на месец јули, а очекувањата на Едина се дека младите луѓе без двоумење ќе ги напишат своите пораки за слобода кои потоа ќе бидат понесени на гостувањата во останатите 30 земји во Европа, Азија, Латинска Америка и Австралија. Сите тие ќе бидат презентирани во 2020 година во Њујорк, на тој начин децата од сите тие различни земји ќе бидат симболично заедно со што ќе се пренесе нивниот глас пред светот. Едина вели пораките за слобода ги носиме дури и на облеката, но не ги забележуваме.

 

Зборот слобода во Скопје и во Њу Јорк различно се доживува, вели Едина, таму луѓето имаат повеќе слобода да зборуваат.

 

Елизабета Дамјаноска Спасеновска





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.