Ѓорѓиевски: Се гради фонтана на мини плоштадот во село Драчево

Голема фонтана ќе го краси мини плоштадот во селото Драчево. Со централна позиција таа се гради на 30 квадратни метри и ќе биде целосно осветлена. Во нејзина непосредна близина се реконструира детското игралиште, а просторот ќе биде дополнет со нова урбана опрема. Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес го посети овој мини сквер, кој е често збиралиште за жителите на селото Драчево.

„Продолжуваме со оплеменување на просторот и додавање нови содржини за нашите жители воз целата општина Кисела Вода. Денес сме во селото Драчево, каде што градиме фонтана, која ќе го разубави ликот на оваа локација, популарна за дружење и разонода. Со оглед на тоа што чести посетители тука се најмладите, го реконструираме и детското игралиште, а целиот простор ќе биде надополнет со нови клупи и корпи за отпадоци, со што се надевам дека овој мини плоштад ќе привлече уште повеќе посетители во топлите денови што ни претстојат“, изјави Ѓорѓиевски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.