Хуманитарна акција во општина Карпош во пресрет на Велигден

„Подај рака, донирај за твојот сосед“

Пред 12 поголеми супермаркети на територијата на општина Карпош денеска и утре ќе се спроведе хуманитарната акција „Подај рака, донирај за твојот сосед“.

 

Целта на акцијата, што традиционално се спроведува во пресрет на Велигденските празници, како што нагласуват од локаната самоуправа, е да им се помогне на социјално ранливите категории граѓани на општина Карпош.

 

- Карпошани на импровизирани штандови поставени пред маркетите денеска и утре во перидот од 9:00 до 13:00 часот ќе можат да донираат конзервирана храна, средства за лична хигиена и кондиторски производи за да им помогнат на своите соседи на кои помошта им е најпотребна, потенцираат од општина Карпош.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.