Граѓански форум во општина Карпош во рамки на проектот ,,Здружени сили за заеднички интереси,,

,,Здружени сили за заеднички интереси,,

Идентификување на проблемите во локалната заедница и дефинирање на соодветни решенија за ефикасно решавање на истите има за цел граѓанскиот форум кој се организира во Општина Карпош во рамки на проектот ,,Здружени сили за заеднички интереси,,.

 

Во рамки на проектот ,,Здружени сили за заеднички интереси,, денеска во салата на урбаната заедница ,,Кузман Јосифовски - Питу,, во Козле, се одржа првиот граѓански форум во општина Карпош. Оваа активност има за цел да ги идентификува проблемите во локалната заедница, при што ќе се дефинираат соодветни решенија за ефикасно решавање на истите. Овој граѓански собир ќе биде од отворен карактер и на него можат да учествуваат сите заинтересирани граѓани кои живеат на територија на општина Карпош. Томка Дилевска од организацијата на жени на Град Скопје истакна дека очекуваат да се најдат заеднички интереси особено во општините каде што има мултиетничко население.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.