Неколку делови од Скопје утре ќе бидат без струја

Дел од корисниците од улиците со броевите „52“, „48“ и „50“, патот за село Љубанци, улиците „Радишанска“, „18“, „28“, „Бутелска“, „20“, „46“ и околината во општина Бутел утре од 8:30 до 14:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

Од 9:00 до 11:30 часот без струја ќе бидат и објектите со број 2, 4 и 6 од улицата „Блажо Орландиќ“ во општина Аеродром, од 9:00 до 12:00 часот дел од улицата „Ванчо Мицков“ во општина Карпош.

 

Од 8:30 до 11:00 часот сите објекти во поранешна Стаклара, НАС-ГАС, БА Компани, сите мали и големи потрошувачи во склоп на Стаклара, сите објекти на булевар „Борис Трајковски“ што се напојуваат од трафостаниците сопственост на поранешна фабрика Стаклара во општина Кисела Вода, а од 8:30 до 10:00 часот дел од селата Раовиќ, Паничари, Ласкарци и Буковиќ.

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на „ЕВН Македонија“ АД.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.