Во Скопје денеска неколку делови без струја

Жителите од скопското село Горно Соње денеска од 8:30 до 13:30 часот ќе бидат без струја, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од селата Смилковци, Страчинци, Виниче, Раштак, Булачани и Црешево во општина Гази Баба.

 

Во периодот од 8:30 до 15 часот без снабдување со струја ќе бидат дел од корисниците од улицата „Панче Неделковски“, поточно објектите со парните броеви од 48 до 70, како и со броевите 53, 57 и 61 во општина Чаир.

 

Без снабдување со електрична енергија од 8:45 до 11 часот ќе останат дел од корисниците од улицата „Вера Јоциќ“, а од 9 до 15 часот жителите од село Батинци лоцирани на улиците со бр.4, 6 и 7. 

 

Од 10 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Чајлане и Семениште во општина Сарај, а од 11 до 15:30 часот дел од корисниците од улиците „Емил Зола“ и „Виктор Иго“ во општина Кисела Вода. 

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на градот Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електричната енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.