Утре без струја делови од Петровец, Аеродром и Центар

Поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, утре наместа ќе има прекин на електричната енергија.

 

Од „ЕВН“ соопштија дека корисниците од селата Петровец и Ржаничино утре од 8:20 до 14:30 часот ќе останат без струја, а жителите на селата Миладиновци, Текија и Дељадровци од 8:25 до 14:30 часот. 

 

Во Општина Аеродром, од 8:30 часот до 10:30 часот без струја ќе бидат жителите на улиците „Тодор Чангов“, „Ѓорѓи Капчев“ и „Божин Николов“, а од 11:00 до 15:30 струјата ќе биде изгасена на дел од улицата „Тодор Чангов“, односно во делот кон реката Вардар по главната улица и подулиците со броеви над бр. „46“. Исто така и корисниците од улиците  „Атанас Митрев“ и „Венјамин Мачуковски“ ќе имаат прекин на електрична енергија од 10:00 до 12:00 часот. 

 

Дел од улицата „Македонија“, поточно зградата „Палата Македонија“ во Општина Центар утре од 8:00 до 11:00 ќе има прекин на струјата. 

 

Утре, од 08:30 до 15:00 часот, корисниците од селата Глумово, Шишево, Долна Матка и Горна Матка ќе бидат без електрична енергија. 

 

Корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци утре од 9:00 до 15:00 часот ќе бидат без струја, а во дел од село Голиево ќе биде исклучена електричната енергија од 10:00 до 12:00 часот.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.