Делови од Аеродром, Чаир, Шуто Оризари и неколку скопски населби и села утре без струја

Дел од корисниците од улиците „Че Гевара“, „Македонско Косовска Бригада“ со под улици, како и улицата „Бутелски венец“ во општините Чаир и Шуто Оризари утре од 9:00 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

 

Од 10:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат и дел од корисниците од улицата „Петар Ацев“ во општина Аеродром, од 9:00 до 15:00 часот корисниците од улиците „4“, „6“ и „7“ во село Батинци, од 9:00 до 11:30 часот корисниците од улицата „Саса“ во во близина на училиштето во населбата Пинтија, а од 8:30 до 14:30 часот корисниците од населените места Дивље, Сушица, Чифлик, Коњари, како и фирмите Живиње КУ, Прогрес и АЛЕМ во општина Петровец.

 

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведувањето планирани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипи на ЕВН Македонија АД.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.