3-Д пешачки премини се цртаат низ Скопје за поголема безбедност на пешаците

3-Д пешачки премини

Низ улиците во Скопје започнува акција за цртање 3-Д пешачки премини. Овие пршачки премини кои создаваат оптичка илузија ги тера возачите да ја намалат брзината на возилата. Вакви пешачки премини е предвидено да се нацртаат на црните точки во Скопје, на кои се вози со голема брзина.

 

Тридимензионален пешачки премин е нацртан на ул. Самоилова кај Музејот на современа уметност. Овој 3-Д пешачки премин е дел од пилот проектот на ЈП ,,Улици и патишта,, кој се реализира на улиците низ Скопје на локации кои се посочени како црни точки. 3-Д пешачкиот премин создава оптичка илузија со која изгелда како поткренат и ги тера возачите да ја намалат брзината. Директорот на ЈП ,,Улици и патишта,, Сенад Смаиловиќ рече дека ваковиот начин на обележување на пешачките премини има за цел да се зголеми безбедноста на пешаците, а проктот започнува од околните и помали улици во градот, за по усовршувањето да продолжи и во централното градско подрачје.


Според директорот ваквиот начин на обележување пешачки премини не го оптоварува дополнително буџетот на претпријатието, бидејќи се работи со сопствена механизација и со бои кои веќе ги користи претпријатието. Овој пример се следи по европските градови кои на ваков начин го регулираат сообраќајот и безбедноста на пешаците кои прминуваат преку улица. Според директорот, ваков пешачки ќе биде нацртан и на ул. Борис Сарафов, во Ѓорче Петров, кај ОУ,,Мирче Ацев,, каде што беше прегазено 10-годишно дете, а претставува и црна точка, поради близината на училиштето и често поминување на децата преку улица, а автомобилите се движат со брзина повеќе од дозволената.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.