Од утре започнува пријавувањето за субвенционирано купување велосипеди

Субвенции за велосипеди

Субвенции до 3.000 денари ќе доделува Град Скопје за купување нови велосипеди. Пријавувањето започнува од утре, а субвенцијата годинава е помала за разлика од минатата година со цел да се дадат субвенции на повеќе граѓани.


И годинава продолжува проектот за давање субвенции за купување нови велосипеди. Средствата за оваа намена одбезбедени од Буџетот на градот се во висина од 10 милиони денари, за субвенционирани средства во висина од 50 отсто од цената на велосипедот но, годинава максималниот износ ќе изнесува 3.000 денари, за разлика од минатата година кога максималниот износ беше 4.000 денари. Оваа одлука која ја донесе Советот на Град Скопје со цел да се овозможи повеќе граѓани да добијат финанскиска помош при купување велосипед, започнува да се применува од утре.

 

Со оваа мерка на градот која се реализира втора година по ред се стимулираат граѓаните за помасовно користење на велосипедот како превозно средство. Субвенции за велосипед ќе може да добијат жители на Град Скопје кои треба да достават барање за надомест, копии од лична карта, трансакциска сметка и фискална сметка или фактура и извод од банка со датум од денот на објавување на повикот.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.