Утре во Скопје посебен сообраќаен режим

Посебен сообраќаен режим

Поради одржувањето на дигиталниот самит на земјите од западен балкан, утре и задутре делови од скопските булевари и улици ќе бидат затворени за сообраќај.

 

По повод претстојниот “Дигитален самит на земјите од западен Балкан“  што на 18 и 19 ќе се одржува во Скопје во хотелот “Александар Палас“  како и во ВИП Арена (сала “Борис Трајковски“), во текот на утрешниот ден од 15 часот, како и наредните два дена (18/19/04.), СВР Скопје ќе воспостави посебен сообраќаен режим за сообраќајниците околу овие објекти.


Имено, со посебниот режим ќе бидат затворени и пренасочени за сообраќај улиците “Јадранска магистрала“, “Скупи“, делови од булеварите “Осми Септември“, “Илинден“, како и другите сервисни улици коишто гравитираат кон двата објекта (ВИП Арената и хотелот “Александар Палас“).  Исто така, посебен сообраќаен режим е предвиден и за обиколницата на автопатот до Скопскиот аеродром.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.