Скопските општини потпишаа ,,Декларација за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа,,

Скопските општини потпишаа декларација

Повеќе градоначалници денеска ја потпишаа ,,Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа,,. Целта на овој документ е да се подобри транспарентноста и отвореноста на една општина и активностите кои се финансирани од јавни пари мора да бидат јавни и лесно достапни за граѓаните.

 

Во организација на Фондацијата за интернет и општество Метаморфозис и како ко-организатори Општините Гази Баба и Карпош, денеска повеќе општини од Скопје и Македонија ја потпишаа ,,Декларацијата за отвореност, отчетност и транспарентност на локалната самоуправа,, кој треба да придонесе за поголема достапност на информации и информациите за трошењето на јавните пари да биде подостапно до граѓаните. Принципот на транспарентност на една општина подразбира објавување на информации за организациската структура, буџетот за работа и објавувањето и пристапот до информациите за јавните набавки. Според досегашната пракса општините не ги објавувале ниту договорите, ниту анексите на договорите склучени на отворени јавни набавки.


Градоначалниците на скопските општини Гази Баба и Карпош кои воедно се ко-организатори на настанот истакнаа дека ќе ја почитуваат оваа декларација и повеќето од информациите ќе ги направат јавни и лесно достапни, а овој начин според градоначалниците веќе започна да се применува, односно информации кои претходно не биле објавени, сега се објавуваат на интернет страните на општините и социјалните мрежи.


Според фондацијата Метаморфозис последниот регионален резултат на отвореност на локалната самоуправа е разочарувачки и изнесува само 34%. Политиката на отвореност мора да биде политика на сите општини и таа мора да го најде своето место помеѓу другите важни државни политики.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.