Јавните претпријатија ,,Водовод и канализација,,, ,,Улици и патишта,, и ЈСП,,Скопје,,,добија нови директори

Нови директори на јавни претпријатија

Јавните претпријатија ,,Водовод и канализација,, ,,Улици и патишта,, и ЈСП,,Скопје,,, добија нови директори. Новите директори ги назначи градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, а во наредниот период се очекува смена на директорските позиции и во останатите јавни претпријатија во градот.


Градоначланикот на Град Скопје Петре Шилегов денеска ги назначи новите директори на три јавни градски претпријатија. Кристијан Чушков е нов директор на ЈСП ,,Скопје,,, Душко Весковски на ЈП ,,Водовод и канализација,,, а Сенад Смаиловиќ на ЈП ,,Улици и патишта,,. Новите директори најавија дека ќе направат комплетна ревизија на работата на претпријатијата. Ова е прва промена на директорските места во јавните претпријатија под надлежност на Град Скопје. Се очекува во наредниот период да бидат назначени први луѓе и на останатите јавни претпријатија и културни институции во Скопје





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.